Во Македонија има вкупно 170.885 земјоделски стопанства, покажува последното истражување на Државниот завод за статистика спроведено од 1 до 20 јуни 2013 година. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1,85 хектари земјоделско земјиште и има 2,14 добиточни единици. Вкупно користеното земјоделско земјиште е 315.863 хектари, а од вкупниот број стопанства, 58,2 отсто користат до еден хектар земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства имаат вкупно 365.868 добиточни единици, додека 56,5 проценти одгледуваат добиток, живина и пчелни семејства. Според статистиката, во Република Македонија просечно има 0,5 трактори по стопанство, од кои поголемиот дел се двоосовински.
Во Македонија има вкупно 170.885 земјоделски стопанства, покажува последното истражување на Државниот завод за статистика спроведено од 1 до 20 јуни 2013 година.
Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1,85 хектари земјоделско земјиште и има 2,14 добиточни единици.
Вкупно користеното земјоделско земјиште е 315.863 хектари, а од вкупниот број стопанства, 58,2 отсто користат до еден хектар земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства имаат вкупно 365.868 добиточни единици, додека 56,5 проценти одгледуваат добиток, живина и пчелни семејства.
Според статистиката, во Република Македонија просечно има 0,5 трактори по стопанство, од кои поголемиот дел се двоосовински.